Македонија
27. March 2018 - 10:56

Трагедија кај скопска обиколница - мртов маж пронајден во автомобил

Мртов маж пронајден кај скопската обиколница, Како што информираат од МВР, во 10:20 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколницата помеѓу селата Орман и Волково, во правец од Скопје кон Тетово, во паркирано возило пронајден бил починат М.М. (71) од Скопје.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.