Трагедија: Две лица загинаа во стампедо на рок концерт
Две лица загинаа, а повеќемина се повредени во огромната турканица и стампедо на синоќешниот рок концерт во Аргентина, пренесоа француските медиуми.
Десетина лица, меѓу кои и една жена, се наоѓаат на интензивна нега во блиските болници.
Над 300.000 лица вчера го окупираа градот Олаварија, во близина на главниот град Буенос Аирес, за да го слушаат Индио Солари.
- Ситуацијата излезе од контрола. Не очекувавме толку многу луѓе, изјави градоначалникот Есекиел Гали.
Тој забележал дека вообичаено на концертите доаѓале „само“ 170.000 лица.
Градот Олаварија има 130. 000 жители. а вчера во градот влегле 100. 000 автомобили.
Турканицата настапила веднаш по почетокот на концертот. По само 20 минути Индио Солари го прекинал концертот.
Минатата година 68-годишниот Солари на јавноста и откри дека има Паркинсонова болест. Неговите концерти редовно привлекуваат мноштво фанови од сите генерации во земјата.
Ново на Сител
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ