Македонија
17. January 2025 - 12:24

Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп

Две новороденчиња стари само 20 дена починале вчера околу пладне во Прилеп. Според информациите кои се познати досега, нивните родители повикале Брза Помош која кога стигнала затекнала две новороденчиња од кои едното веќе било починато а другото во тешка состојба било префрлено во болница каде лекарите не успеале да му го спасат животот. Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп, вели надлежниот обвинител за овој случај.