Македонија
5. August 2015 - 16:35
Tрае потрагата по исчезнатите- 6 годишно девојче и 61-годишен овчар
Втор ден во Тетовско се бараат исчезнатите од невремето во понеделникот, шест годишната Дрита Амети од Шипковица и 61 годишникот од Лисец, а се смета дека има уШте исчезнати лица. Надлежните институции продолжија со расчистување на наносите од земја, дрва и камења од патиштата како и поплавените објекти и имоти.
Заменикот министер за земјоделие Ванчо Костадиновски во погодените подрачја изврши увид какви и колку штети претрпеа земјоделците. Вети дека ќе има и ургетна помош за нив.
Интензивно се работи и на пробивање на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Порој.
Среда и четврток во Тетово се прогласени за денови на жалост.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
