Товарен воз удрил во одрони од карпа кај Велес, повредени нема, железничкиот сообраќај во прекин
Товарен воз удрил во одрони од карпа на пругата и излетал од шините, попладнево во 17.10 часот, по Железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес-Скопје, информираат од СВР Велес.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, локомотивата на товарниот воз излетала од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација, а во несреќата машиновозачот, за среќа останал неповреден.
Железничкиот сообраќај е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата, информира Додевски.
Тој појаснува дека увид на местото на несреќата прави екипа на СВР Велес и ЈП Македонски Железници.
Од Македонски Железници најавуваат дека сите патници кои од Скопје вечерва планирале да патуваат до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија ќе бидат превезувани со автобуси што тие им ги обезбедиле како замена за возот.
Ново на Сител
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД