Балкан
12. February 2024 - 9:58

Товарен брод во грчка сопственост нападнат во Црвеното море

Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле во морето, „екипажот е неповреден“, а бродот „се упатува кон пристаништето кое е негова следна станица“.

Нападот се случил додека транспортниот брод пловел во близина на Јемен.