Македонија
27. February 2024 - 12:21

Тошковски: До крајот на април сите ќе добијат повик за сликање за пасош

МВР работи на целосна реорганизација и оптимизација на процесот на изработка на пасошите како и на постапката за закажување на термини за фотографирање.

Техничкиот министер за внатрешни работи во интервју за МИА вели дека со воведување на дополнително работно време планот е да се стигне до максималната бројка од 3.300 изработени пасоши дневно за да се овозможи побрза замена на документите.