Loading Video...
Кошарка
24. May 2019 - 17:03

Торонто на чекор до големото НБА финале

Тимот на Торонто го дели само уште една победа во дуелите со Милвоки за пласман во големото НБА финале. 
 
„Рапторси“  забележаа триумф на гостински терен со 105-99 во петтиот натпревар од финалето на Источната конференција со што поведоа со 3:2 во победи. 
 
Гостите лошо го отворија мечот, а  во повеќе наврати имаа и двоцифрена негатива. Сепак во последната четвртина, Торонто уште од стартот беше направи серија од 17-6, за највисока предност од 8 поени, која рутинирано до крајот на мечот успеа да ја сочува
 
Одново предводник на Торонто беше Каваи Ленард кој покрај  35 поени имаше и 9 асистенции и 7 скока, додека Фред Ванфлит постигна 21 поен и тоа сите зад линијата за три поени притоа реализирајќи 7 од 9-те обиди. 
 
Кај домаќините најефикасен беше Антетокумпо со 24 поени, 
 
Првата „меч топка„ за влез во големото финалето каде веќе се пласира актуелниот шампион Голден Стејт, екипата на Торното ќе ја има в недела и тоа пред домашната публика во дуелот кој ќе започне од 2:30 часот по полноќ.