Топлото време ги стабилизира земјоделските култури

Топлото време во изминатата седмица придонесе земјоделските култури да се стабилизираат од претрпениот шок од минималните негативни температури, информираат од УХМР.
Како што наведуваат во соопштението, оштетувањата од мразот се големи и сега е потребно одржување на посевите и насадите со цел колку е можно побрзо да се опорават и да се заштитат од болести и штетници кои можат да бидат клучни фактори во опстанокот.
Во текот на викендот и во наредната седмица очекуваните врнежи треба да ја подобрат состојбата со влага во почвата која во овој период е потребна за сите култури.
Дневните температури од околу 25 степени целзусови во наредниот период ќе овозможат нормален развој на веќе проникнатите пролетни култури, но ќе се створат и услови за изведување на работи на отворено во градинството и поледелството.
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
