Македонија
29. December 2017 - 8:13

Топла облека за бездомниците од пунктот во Момин Поток

Пакети со топла облека за бездомниците од пунктот на Црвениот крст во Момин Поток ќе подели денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов ќе биде придружуван од секретарот на Црвениот крст на Скопје Сузана Т. Пауновска, а доделени ќе бидат 60 пакети.

Пунктот за бездомници на Црвен крст функционира девет години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта е да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Пунктот е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани. Поради студениот бран, веќе некое време пунктот е отворен 24 часа за бездомниците.