-->
-->
Тој оди на одмор со своите другари: Девојката му спреми специјален подарок
-->
Ако можеш да го прочиташ ова, значи си преблиску. Затоа те молам де се оддалечиш, е слоганот кој го има на маицата на новопечениот татко, а авторката на интересна идеја е неговата девојка.
Новопечената мајка на четиримесечното бебе го сака својот партнер и сака тоа да го знаат и другите. Тој со своите другари од на машко патување во грчкото туристичко место Малија, а таа не сака никакви проблеми. Затоа во куферот му спреми маица со својата фотографија и порака: „Ако можеш ова да прочиташ, значи си преблиску. Затоа те молам да се оддалечиш“.
18 годишната Кори Хејворд од англиски Бристол смета дека тоа е добар начин за спречување неверство. Момчето, Џејк Толивер, освен нејзиното селфи и порака на предната страна на маицата, ќе има и посебна фотографија на грбот, со својата девојка и ќеркичка Еми-Роуз, со порака: „Ги сакам своите девојки и ги мрзам сите девојки кои се во Малија“
- Секако дека не беше среќен кога ја слушна идејата. Сепак, набрзо попушти и призна дека би можело да биде забавно, изјави Кори, која во изработката на маицата имала помош од својата сестра.
- Знам дека многу ќе мислат дека сум посесивна, но исто знам дека многумина ќе го сфатат хуморот. Пријателите на Џејк ми кажаа дека идејата е генијална и дека сакаат да направат селфи во таа маица, заклучи младата мајка и се чини верна девојка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат