Македонија
9. November 2016 - 13:49

Тој на печалба во Германија, крадец кај него дома во Желино

На 06/07.11.2016 година во с.Желино непознат сторител со употреба на подесен клуч и физичка сила извршил тешка кражба од куќа сопственост на З.С. (45), кој моментално е на привремена работа во Р.Германија.
 
Сторителот, притоа, одзел златен накит и пиштол марка „Бул-чироки“ со рамка со три куршуми.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот за целосно расчистување на настанот.