-->
-->
Тодоров: Мора да се прегрупираме и да победиме на три од четирите средби во декември
-->
Со само две победи на деветте одиграни натпревари во АБА лигата, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е на последното место на табелата во регионалното натпреварување.
Паузата поради репрезентативните настапи и тоа како добро ќе им дојде на аеродромци, смета тренерот Александар Тодоров, кој по синоќешниот пораз од Будуќност, потенцира дека слободниот период ќе биде искористен за прегрупирање.
„Паузата што е пред нас е нешто најдобро што може да ни се случи, за да можеме да се прегрупираме. Во декември играме четири средби, од кои мора три да победиме, а останатите четири триумфи потребни за опстанок да ги бараме во 2018 година“, вели Тодоров.
Следниот предизвик за МЗТ Скопје е трето пласираниот тим на табелата, Цедевита на која „сино-белите“ ќе и гостуваат на 2 декември во Загреб. До крајот на годината, односно во декември МЗТ ќе игра и против Морнар и ФМП дома, како и Партизан и Задар на гостински терен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала