Тодоров договори соработка со американскиот Национален Институт за здравство
Потпретседателот на Владата и министер за здравство Никола Тодоров, за време на посетата на Вашингтон, се сретна со заменик-директорот на американскиот Национален Институт за здравство Фредерик Огнибене.
Тодоров и Огнибене договорија повеќе форми на соработка, како што е размена на доктори и професори и соработка на научни проекти.
- Разговаравме за можна соработка при едукацијата на нашите доктори, специјалисти и доктори на науки од областа на медицината во делот на истражување, себатикална година и тренинг. Но, зборувавме и за соработка во делот на меѓународни финансирани проекти на Националниот Институт овде и особено во делот за соработка со Пен центарот. Очекувам дека многу бргу ќе може наши доктори да доаѓаат тука, и исто така да доаѓаат доктори да бидат обучувани за оние специјалности за коишто сметаме дека има потреба за ваков вид на едукација, рече Тодоров за Македонската Телевизија.
Огнибене додаде дека ова е добар почеток на идната соработка, која ќе вклучува можност за примена на нови терапии, и при дијагноза на ретки болести кај македонски пациенти.
Националниот Институт за здравство е една од водечките медицински установи во САД и функционира како истражувачки центар за голем број болести.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи