-->
-->
„Титаник“ продолжи со преслушување „бомби“
-->
Во Кривичниот суд во Скопје претпладнево со преслушување на снимените разговори почна денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО.
На денешното рочиште присутни се Миле Јанаиески и Кирил Божиновски кои за овој случај издржуваат 30-дневен притвор во затворот „Скопје“, како и Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер и уште неколкумина обвинети.
На минатото рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година.
На почетокот на минатото рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се преслушани околу 950 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки