Тинејџерка од Тетово уценувана: „Дај ми пари или сите ќе ги видат фотографиите“
Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила лице од Тетово дека ја уценувал.
Од СВР Тетово информираат дека девојката подолг период се соочувала со заканите и уцените на дваесетгодишен тетовец, кој преку пораки и телефонски повици од неа барал 400 евра, во спротивно ќе објавел нејзини фотографии. Фотографиите со кои девојката била уценувана наводно биле преземени од нејзина сметка на социјалните мрежи.
Според девојката, тетовецот инсистирал да се видат и вршел притисок. По пријавувањето, од полицијата велат го открила идентитетот на уценувачот и најавува дека ќе биде повикан на разговор.
Годинава на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, регистрирани се педесетина случаи на злоупотреба на лични податоци, фотографии, видео клипови и измами преку социјални мрежи. Од тие причини, од СВР Тетово, апелираат до корисниците на социјални мрежи и особено помладите да бидат претпазливи со размената на лични податоци, фотографии и документи.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза