Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
Ќе успее ли Европа да изгради единствен и цврст став и да се наметне како клучен фактор во постигнувањето на мир? По парискиот состанок на Макрон, денеска во Лондон нов самит и обид да се донесе мировен план за Украина. Познавачите со различни мислења дали европските држави ќе ја вратат својата стратешка позиција на глобалната карта.
Амбасадорот Донев вели дека и внатре во Европа има разлики, па единствен став не е можен. Дополнително, руската страна не прифаќа разговори само европска и украинска позиција.
За разлика од амбасадорот, политкологот Љупчо Петковски, вели дека разликите се само мали пукнатини и големи се шансите Европа да излезе со единствена одбранбена политика.
Иако со различни позиции, двајцата аналитичари согласни дека политичката карта на светот по ова видно ќе биде изменета.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар