Тимоние: Франција наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО, за Извештајот на ЕК ќе се дискутира
Процедурата за ратификување на протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО од страна на Франција е во тек и ќе заврши во најскоро време, најави денеска францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.
– Тоа е процедура која е во тек. Францускиот парламент како што знаете е составен од два посебни елемента, Собранието и Сенатот. Ние сметаме дека процедурата би требало да се заврши затоа што не постои ниту една пречка тоа да не биде направено во најскоро време, појасни Тимоние.
Тој додаде дека Франција моментално се наоѓа во период на реформи, и како што посочи, „секогаш кога има реформи има и гужва“.
На прашањето дали Франција ќе го поддржи отворањето на преговорите со ЕУ, амбасадорот рече дека не може да прејудицира, но оти извештајот ќе се дискутира со симпатии и добронаклонетост.
– Како што знаете, неодамна имаше избори, значи земјата се наоѓа во период на големи дискусии, се дискутираат многу теми меѓу повеќе партнери и јас не би можел да прејудицирам во однос на одговорот на ова прашање, меѓутоа она што би можел да го потенцирам и кажам е тоа дека извештајот ќе биде дискутиран со симпатија и со добронаклонетост, додаде Тимоние по денешната Симулација на конференција на француски јазик во МНР.
Ново на Сител
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот