Тилерсон почнува посета на арапски држави и Турција

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон почнува денеска посета на неколку арапски држави и Турција што ќе трае до 16 февраури. Главна цел се безбедносни прашања и борбата со тероризмот.
Во Јордан тој ќе се сретне со кралот Абдула Втори и министерот за надворешни работи Ајман Садафи каде ќе се разгледа кризата во Сирија и мировната иницијатива на Аман.
Во Анкара, Тилерсон „ќе разговара за прашања од билатералните односи“. Програмата за посетата на Анкара се уште не е подготвена, наведуваат од Стејт департментот.
Во Бејрут тој ќе разговара со претседателот Мишел Аун, премиерот Саад Харири и шефот на Парламентот, Набих Бери.
Потврдена е средба во Каиро со претседателот Абдел Фатах ал Сиси и министерот за надворешни работи Самех Шукри.
Во Кувајт, последна држава од турнејата, Тилерсон ќе учествува на две меѓународни конференции – едната е министерски совет на држави од предводената од САД коалиција против ИД, а другата е посветена на обновата на Ирак.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
