Тилерсон: Меѓу САД и Русија постои ниско ниво на доверба
Меѓу САД и Русија во момнетов постои ниско ниво на доверба, изјави вечерва во Москва американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на заедничка прес-конференција со руксиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Меѓу нашите две земји постои ниско ниво на доверба, Двете најзначајни нуклеарни сили во светот не може да имаат такви односи, потенцира Тилерсон по средбата со Лавров.
Шефот на руската дипломатија од своја страна нагласи дека и покрај порблемите во билатералните односи, Москва е отвортена за дијалог со Вашингтон.
- Наспроти одредените постоечки проблеми, има значителен број перспективи за заеднича соработка. Русија е подготвена не само за дијалог, туку и за конкретни заедички акции во повеќе разлилни области, рече Лавров.
Тој нагласи дека на средбата Русија и САД недвосмилсено ја потврдиле својата решеност за бескомпромисна борба против тероризмот.
Лавров нагалси дека Москва е подготвена за обнова на договорот со САД за избегнување на евентуални инциденти на небото над Сирија, доколку цел на американските воздушни напади во оваа блискоисточна земја бидат само терористички групи, како што е Исламската држава.
Лавров додаде дека и рускиот претседател Владимир Путин на нивната заедничка средба со Тилесрон, ја потврдил решеноста на Москва за обнова на овој договор.
Во врска со состојбата во Сирија, Тилерсон оцени дека минатонеделниот напад со хемиско оружје во градот Хан Шејхун бил планиран, раководен и спроведен во сириските владини сили.
Лавров и Тилерсон нагласија дека на средбата разговарале и за случувањата во Украина, при што се заложиле за целосна имплементација на Договорот од Минск, како „едниствен начин за решавање на кризата“.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај