Фудбал
4. November 2022 - 10:13

Тевез ја напушти клупата на Росарио: Не сакам никому да бидам товар

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (38) веќе не е тренер на прволигашот од Буенос Аирес, Росарио Централ.

За Тевез, кој имаше трофејна кариера како фудбалер во дресовите на Бока јуниорс, Коринтијанс, Манчестер јунајтед, Јувентус и Манчестер сити, ова беше прв тренерски ангажман што траеше нешто повеќе од четири месеци.

Тевез го напушти аргентинскиот прволигаш со ефект од шест победи, 11 нерешени и седум порази на 24 натпревари.

– Никому не му е од корист да ја продолжам оваа работа, а јас никому не сакам да бидам товар. Нема да се мешам во клупската политика, јас само сакам да бидам тренер – изјави Тевез за локалните медиуми по напуштањето на клупата на Росарио.