Трајковски: Пред нас се двата најважни натпревари во Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје ги започна мини подготовките за двата претстојни натпревари на домашен терен против Летонија и Фарски Острови со кои ќе го заокружи настапот во групната фаза во Ц дивизијата од Лигата на нации.
Двата претстојни дуели, в четврток против Летонија и в недела против Фарски Острови, избраниците на селекторот Благоја Милевски ги дочекуваат како првопласирани во групата и серија од три последователни победи.
„Убаво е да се има низа на победи без примен гол. Тоа докажува дека имаме квалитет, и не само да победуваме туку и да го браниме резултатот. Се надевам дека и во овие два натпревари ќе го покажеме истото“, изјави на првиот денешен собир репрезентативецот Александар Трајковски.
Според напаѓачот на сплитски Хајдук, претстојните дуели се најважни во досегашниот циклус во Лигата на нации, не само за освојување на првото место во групата, туку и за евентуален пласман во плејофот за Мундијалот 2026.
„Мислам дека ова се најважните натпревари. Верувам во нашата екипа, отсекогаш сум верувал. Мораме позитивно да мислиме и да го дадеме максимумот. Квалитетот не е спорен, ние веруваме во нашиот квалитет и во нашата игра способности, но, тоа треба да го покажеме на терен. Нема подобра можност да го завршиме овој циклус со две победи пред домашната публика и да се пласираме во плеј-офот“, посочи Трајковски.
Ново на Сител
-
Министерството за правда на Јужна Кореја воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол
-
Истражна постапка за лице осомничено за кражби и разбојништва во Скопје
-
Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници
-
САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари
-
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во Сирија
-
Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал