Тевдовски и Ангеловска-Бежоска во Брисел
Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска - Бежоска престојуваат во работна посета на Брисел.
Како што соопштија од Министерството за финансии, посетата на Тевдовски и Ангеловска-Бежоска е во рамки на Економско-финансискиот дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.
На настанот ќе бидат презентирани оценките на земјите во исполнувањето на насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи.
Во рамки на посетата министерот за финансии ќе се сретне со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, даноци и царина, Пјер Московичи. Целта на средбата со еврокомесарот е да се унапреди соработката со ЕУ на сите полиња.
Во соопштението се додава дека Министерството за финансии првпат има стратегија за создавање европски систем за управување со јавните финансии.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците