-->
-->
Тетово: Уапсен 23 годишник кој приредувал игри на среќа без лиценца
-->
На 07.03.2023 околу 11.50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства. Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје