Македонија
20. May 2019 - 11:37

Тетовчанка излетала од коловозот и удрила во дрво

Вчера во 12.20 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во село Глоѓи,  патничко возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Р (.29) од Тетово, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во дрво. А.Р. се здобила со повреди и била пренесена во клиничката болница во Тетово каде и била укажана помош и била задржана на лекување. Увид извршила екипа од СВР Тетово.