-->
-->
Тето, кажи и на мама дека многу ја сакам: Се појавија последните трогателни пораки од дечињата кои ги проголта пожарот во Русија
-->

Надлежните потврдиле дека во големиот пожар во трговскиот центар во Кемерово загинале најмалку 56 лица. Се стравува дека десетина деца кои се водат за исчезнати загинале во пожарот кој избувна во неделата и зафати околу 1.600 метри квадратна површина.
Семејствата и пријателите на жртвите ги објавиле нивните фотографии на социјалните мрежи, каде молат за информации за исчезнатите.
„Кажи и на мама дека ја сакам...“
Сергеј Москаленко (11) заврши во кома бидејќи скокнал од прозор од зградата а утрово е потврдено дека неговите родители загинале во пожар.
Марија Мороз (13) која се наоѓала во киното за време на пожарот, испртила порака: „Внатре сме. Изгледа дека ова е збогум за мене“.
Се стравува дека во пожарот е загинато целото одделение.
Осум деца со учителката биле на излет во Кемерово, а во трговскиот центар гледале цртан филм. Едно од девојчињата, Викторија Почанкина и се јавила на својата тетка среде пожарот:
- Вратата е блокиранас. Не можам да излезам, не можам да дишам. Тето, кажи на цело смеејство дека ги сакам. Кажи и на мама дека многу ја сакав...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика