Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната

Рускиот претседател Владимир Путин нема намера за отстапки во најавените преговори за прекин на воените дејствија во Украина, јави денеска Блумберг повикувајќи сè на претставници на западни разузнавачки служби. Тој не е подготвен за компромис што се однесува на окупираните територии, неутралниот статус на Украина или присуство на западни мировни сили.
Путин однапред поставува максималистички барања во можните преговори за прекин на војната за кои знае дека најверојатно нема да бидат прифатливи за Украинците и Европејците, изјавиле претставниците. Според нив, тој е подготвен да продолжи да се бори додека не ги постигне своите цели.
Според проценки на повеќе западни функционери, Путин не гледа стимул да се откаже од жестоката позиција.
Истовремено, Доналд Трамп продолжува со изјавите дека е неопходно да се стави крај на војната и неговата администрација бара отстапки само од Киев, што предизвика запирање на воената помош и размената на разузнавачки информации.
-Искрено, потешко ми е да се справувам со Украина, изјави Трамп неодамна. Од друга страна, Вашингтон ретко ѝ се заканува на Москва со дополнителни санкции или царини – што се бесмислени во услови на речиси прекината трговија меѓу Русија и САД.
Во оваа ситуација, постои ризик Владимир Зеленски да биде обвинет дека е неподготвен да прифати договор според условите што му се наметнуваат, а борбените дејствија да продолжат со поддршка од европските земји, пишува Блумберг.
Од Путин побараните услови за почеток на преговори за мир вклучуваат повлекување на украинската армија од неокупираните делови на Луганска, Донецка, Запорожска и Херсонскт област. Покрај тоа, Кремљ досега повеќепати истакна дека не прифаќа присуство на европски мировни сили во Украина, односно од земји кои се членки на НАТО, дури и да се стигне до мировен договор.
Москва е подготвена да разгледа привремено примирје само доколку ѝ биде дозволено да го одреди составот и условите за присуство на мировниот контингент, според извештај на Блумберг минатата недела во кој се цитираат лица блиски до рускиот врв. За да се постигне договор за прекин на воените дејствија, неопходно е и јасно разбирање на основните принципи кој ќе бидат вклучени во конечниот мировен договор, изјавија две лица запознати со ситуацијата.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
