Македонија
9. January 2023 - 11:49

Тешко повреден 27 годишник откако со своето возило излетал од патот

На 08.01.2023 во 21.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Маково, кон с.Новаци, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т,(27) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од коловозот.

Во несреќата, А.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.