Македонија
8. October 2024 - 12:34

Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место - Тешко повредена 85 годишна жена

Полицијата вчера во 14:25 часот добила пријава од приватна болница во Скопје дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје.

- Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.