-->
-->
Тешка сообраќајка во Скопје - повредени две лица
-->
Синоќа околу околу 22.40 часот на крстосницата од улиците „11-ти Октомври“, со „Даме Груев“ и ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајната незгода помеѓу патничко возило „Ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(21) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П. (35) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатникот од возилото „Цитроен Ц3“ Д.Р. (35). Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ им била укажана лекарска помош. Кај Х.Ш. и И.П. биле констатирани телесни повреди, а на Д.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот