Македонија
26. March 2018 - 12:05

Тешка кражба во скопски Илинден - украдена чанта со 15.000 евра

Ограбена куќа во скопски Илинден, крадците ја однеле цела заштеда на семејството. Како што информираат од полцијата, вчера во 09.10 часот во Полициското одделение Петровец, Д.М. (30) од населба Илинден-Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 06.45 до 08.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и одзел чанта во која имало 15.000 евра.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.