Фудбал
1. November 2016 - 15:33

Терминот за Ел Класико го диктира Азија

Фудбалот одамна е заробеник на арапскиот, рускиот, американскиот, а во поново време и на кинескиот капитал, па поради тоа не чуди одлуката на раководството на шпанската La Liga, најголемото европско дерби и едно од најголемите во светот, Барселона-Реал, да се игра во за европски услови неатрактивен термин.
 
Првото „Ел Калсико“ оваа сезона ќе се игра во Мадрид, во терминот од 16:15 часот, иако во Шпанија самата најава дека тоа може да се случи наиде на многу критики.
 
Барселона и Реал своето прво соочување оваа сезона ќе го имаат во рамките на 14.коло, во сабота на 3.декември.
 
„Разгледувавме три термини и на крајот решивме дербито да се игра од 16:15 часот. Доколку игравме од 18 часот тоа ќе беше предоцна за азискиот пазар, а доколку се решевме за терминот 13 часот тоа ќе беше премногу рано за американскиот пазар“, појаснил претседателот на La Liga, Хавиер Тебас.