Тепачка во угостителски објект во Тетово, приведени четири лица
Повеќе лица вчера ноќта се степале во угостителски објект во Тетово при што се искршени стаклата на објектот. За случајот во полиција се приведени четири лица.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 01,00 часот било пријавено дека има нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица во угостителски објект на ул. „133“ во Тетово. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале М.Ѓ. (22) од Тетово како со метален предмет ги кршел стаклата на објектот. На местото бил затекнат и Ф.Д. (20), кој се обидел да побегне, но не успеал.
Двајцата биле приведени во полициска станица. Поради постоење сомнение за инволвираност во нарушувањето, биле приведени и задржани и Е.З.(33) од Тетово и А.Р. (32) од Охрид
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата