Теодоракис: Нема да гласаме за доверба на Владата
Лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис за време на обраќањето во грчкиот Парламент порача дека тој и неговите пратеници ќе гласаат против доверба на Владата, бидејќи во поголемиот дел од најважните или како што рече, СОС поглавја за земјата, Владата не постигнала успех, јави дописничката на МИА од Атина.
-Нашата црвена линија беше само една. Не даваме глас за доверба на Владата. Тоа континуирано го повтори Политичкиот совет, го кажа во повеќе различни наврати и пратеничката група. Едногласно, сите пратеници. А тоа, неодамна беше ратификувано и на нашиот конгрес. Дека Река останува во опозиција и ненадејно не се претвора во власт. Не се спојува со никој, не го заменува Каменос додека одмора, не ги наградува грешките од толку години, рече Теодоракис и објасни дека до вчера сите во пратеничката група биле едногласни во однос на оваа одлука.
Дел од говорот тој посвети на неговиот, сега веќе поранешен, сопартиец, Спирос Данелис кој откако реши да ја поддржи Владата беше избришан од пратеничката група на Река.
-Она што го правите не е криминал, туку е нешто полошо, тоа е грешка. Во криминалот може да постои страст, може да има инстинкт, може да постои непромисленост. Но, во грешката има размислување, постои разгледување, постои пресметка, рече Теодоракис обраќајќи му се на Данелис.
Во однос на обвинувањата дека пратеникот од Река бил поткупен, Теодоракис категорично демантираше.
-Сакам да бидам категоричен. Не е поткупен. Ниту се пазареше за пари, ниту за фотелја. Сигурен сум за тоа. Но, тоа не ја прави помала неговата грешка, објасни лидерот на Река.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб