Тенката половина е битна за бубрезите и црниот дроб

Дали некогаш сте помислиле дека потенката половина, покрај убавината, е битна поради нашето здравје? Луѓето кои имаат повеќе масни наслаги во подрачјето на стомакот исто така имаат повеќе маснотии околу виталните органи како што се бубрезите, црниот дроб или панкреасот па со тоа го зголемуваат ризикот од затнување на крвните садови, срцев удар и сл. Од исклучителна важност е да се гледа обемот на половината, а не само тежината.
Независно од вредноста што ви ја покажува Индексот на телесна маса (БМИ), ако обемот на вашата половина надминува 90 см за жените и 105 см за мажите, влегувате во ризичната група. Јасно им е на сите дека за регулирање на телесната тежини и маснотиите никако не смее да дојде до суфицит на внесот на калориите. Освен тоа, битно е да се минимализира стресот, да се движите, но и да јадете паметно, односно да јадете побавно, пришто поголемо внимание ќе им придавате на мирисот, вкусот и текстурата на храната.
Три напивки за витка половина и здрав живот
Кафе – кафето има моќ на редуцирање на маснотиите, а со самото тоа го намалува развојот од разни болести како кардиоваскуларните или дијабетес тип 2. Но, со кафето треба да бидете исклучително внимателни, бидејќи преголемото консумирање може да предизвика контраефект!
Зелен чај – катехините во зелениот чај помагаат во редукцијата на маснотиите во подрачјето на половината и стомакот. Стручњаците советуваат барем една шолја дневно, посебно пред оброкот и резултатите набрзо ќе бидат видливи.
Ново на Сител
-

40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково
-

Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
