Телото на покојна Македонка од Америка место до Брајчино, одлетало за Шпанија
Покојната Стоја П. наместо да биде погребана во родното Брајчино завршила во Шпанија, раскажуваат жители од ова преспанското село. Велат дека станува збор за жена која починала на возраст од деведесет години која била родум од ова преспанско село, но со семејството одамна живеела во Бафало, САД.
Стоја пред да почине побарала од синот и снаата нејзиното мртво тело да го пренесат во родното село и да почива во гробот на сопругот Борис во црквата „Св. Никола“ во Брајчино. Таа починала овој месец, а нејзиното семејство сакајќи да ѝ ја исполни последната желба започнало процедура телото на покојната по пропишаните правила со авионски превоз да го пренесе во Македонија.
Откако ангажирале компанија во САД која им помогнала околу процедурите за пренесување на телото, синот и снаата тргнале за Македонија. Жители од Брајчино раскажуваат дека синот и снаата пристигнале побрзо од покојната, организирале сѐ што треба за погребот, но телото не дошло. За да дознаат што е работата се јавиле во компанијата во САД од каде им било соопштено дека е направена грешка и покојната наместо за Македонија отпатувала за Шпанија. Од компанијата се обиделе да ги убедат да не паничат зашто телото ќе се препрати за Македонија.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран