Телото на исчезнатиот израелски рабин Зви Коган пронајдено во ОАЕ
Властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го пронајдоа телото на рабинот Зви Коган, кој исчезна во четвртокот, соопшти денеска канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до граѓаните за патувањата во ОАЕ.
Во заедничкото соопштение од кабинетот на Нетанјаху и израелското Министерство за надворешни работи, се наведува дека израелската амбасада во Абу Даби била во контакт со семејството на Коган во ОАЕ и дека се информирани членовите на неговото семејство кои живеат во Израел, пренесе „Тајмс оф Израел“. Израел го нарече убиството „гнасен антисемитски чин на терор“ и вети дека ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги изведе убијците пред лицето на правдата.
Канцеларијата на Нетанјаху претходно соопшти дека Коган бил емисар на Хабад, православна еврејска организација со ограноци низ целиот свет, додека израелските разузнавачи наведоа дека сметаат дека најверојатно станува збор за терористички акт и дека рабинот бил следен на кошер пазарот, кој водел до Абу Даби.
Коган имал израелско-молдавско државјанство и престојувал во Абу Даби како емисар на Хабад откако Израел ги нормализира врските со земјата кон крајот на 2020 година.
Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување за граѓаните кои патуваат во ОАЕ, наведувајќи дека и натаму постои закана за Израел и Евреите во таа земја.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје