-->
-->
Телеграма со сочувство од Џафери по повод смртта на кралицата Елизабета Втора
-->
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери испрати телеграма со сочувство до Линдсеј Хојли, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора.
– Граѓаните на мојата земја во овие моменти заедно со народот во Обединетото Кралство како и ширум светот, заедно ја споделуваат тагата околу заминувањето на Кралицата Елизабета II и со почит ќе се сеќаваме на нејзините дела и огромен придонес за севкупниот развој и демократскиот просперитет на Вашата голема нација, пишува Џафери.
„Примете ги уште еднаш екселенцијо изразите на моето длабоко сочувство“, се вели во телеграмата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка