Тел Авив размислува за отстранување на безбедносните детектори од Брдото на храмот во Ерусалим
Израелските власти ја испитуваат можноста за алтернативно решение за нивната одлука да се постават детектори за метал, на најрелигиозната локација во Ерусалим, изјави израелскиот генерал Јоав Мордекаи.
Тој ги повика и муслиманите во соседството да дадат свои сугестии околу безбедносните мерки кај Брдото на храмот како што го нарекуваат Евреите и Харам ал Шариф, како што го означуваат муслиманските верници.
Такви детектори беа поставени на почетокот од овој месец, откако во тој дел од Ерусалим беа убиени двајца израелски полицајци.
Поставувањето на детекторите предизвика револт и остра реакција кај Палестинците кои ги обвинија израелските власти дека се обидуваат да го стават под контрола „нивното најсвето место“.
Тензиите околу оваа религизона локација, која доминира над Ерусалим изминатите денови предизвикаа судири на Палестинците со израелските безбеднсни сили и насилство од страна на палестинските демонстранти.
Во петокот, тројца израелски цивили биле брутално убиени, со убоди со нож, во една населба на Западниот Брег.
Палестинските власти тврдат дека во немирите, најмалку четворица Палестинци биле убиени.
Изјавата на израелскиот генерал Мордекаи и неговиот повик до Јордан и до другите арапски држави да предложат мерки за безбедност, се смета за знак дека официјален Тел Авив се подготвува да побара друго безбедносно решение.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење