Техничка грешка во Одлуката за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика
Собранието на Република Македонија на 125. седница одржана на 17 октомври 2016 година за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија ги именува Дејан Бошковски и Енвер Ељмази, што може да се констатира од веб страницата на Собранието на Република Македонија и од видео записот од оваа седница на Собранието, се наведува во денешното соопштение од Секторот на генералниот секретар на Собранието на РМ.
Во Одлуката за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во точката 1, како што е наведено во соопштението, направена е техничка грешка.
- Имено, во точката 1 треба да стои дека се именувани членови на Регулаторната комисија за енергетика, а не претседател и член. Оваа техничка грешка ќе се исправи кога ќе се создадат услови за работа на Собранието на Република Македонија, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
30 ромски семејства кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока