Тажна вест: Почина познатата спикерка од МТВ, доајен на македонското спикерство
Во Скопје на 85-годишнат возраст почина Љупка Апостолова, долгогодишна спикерка и интерпретаторка на забавна музика во Македонската радио-телевизија.
Со нејзиниот впечатлив глас се препознаваа вестите и информациите кои повеќе од три децении се емитуваа, пред сè, на Македонското радио и на првите кадри на телевизијата.
Апостолова ѝ припаѓа на генерацијата на најдобрите и највпечатливи спикери, со препознатлива точност за пишаниот и говорен македонски збор. И самата обучуваше плејада на спикери и новинари, на кои им всади одговорност и чувство за мелодијата на македонскиот збор.
Љупка Апостолова е меѓу првите интерпретатори на македонските шлагери и евергрини, кои ги пееше во живо со оркестрите на РТВ и што се дел од ризницата на естрадата чии почетоци беа кон почетокот на шеесеттите.
Погребот на Апостолова ќе биде в сабота на градските гробишта во Скопје.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период