Македонија
13. December 2017 - 22:00

Тажна вест: Почина македонската поетеса и новинарка Лилјана Дирјан

 

На 64-годишна возраст, денеска во Скопје почина поетесата и новинарка Лилјана Дирјан. Таа е родена во Скопје, а дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Била на студиски престој во Париз како стипендист на француската влада и Фондацијата „Губелкијан“. За своето творештво е наградена со признанијата „Студенстки збор“ и „Браќа Миладиновци“.

По повод смртта на истакнатата македонска поетеса и новинарка, Министерството за култура испрати телеграма со сочувство до семејството.