ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот југословенски актер
Легендарниот српски актер Властимир Џуза Стојилковиќ (85) почина во средата по долгата болест, пренесува српски „Блиц“
Минатата година во есен доживеал мозочен удар, а неодамна е префрлен на Клиника за инфективни и тропски заболувања во Белград поради инфекција.
Почина во среда вечерта, имаше бактерија клостридија поради која здравствената состојба му била влошена, изјавиле од Клиничкиот центар.
Роден е на 30 јуни 1929 година во Ражањ во источна Србија, а со актерство почнал да се занимава аматерски уште од средношколските денови, за професионалната кариера да ја започне 1951 година во белградскиот дамски театар.
Џуза одигра бројни улоги во театарот, на филм и телецизија, а веројатно е најпозат по „ Rodoljubu“ од културната југословенска телевизиска серија „Позориште у кучи“
Ново на Сител
-
Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала
-
124 санкционирани возачи во Скопје
-
На пленарна седница законските измени за реорганизација на министерствата
-
Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност
-
Руски напади во западните региони на Украина
-
Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба
-
Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер
-
За викендот сончево и топло