Тажна приказна на Дејан, но не е само негова: Во новчаникот носам исти 500 динари осум години, тие ме направија човек
Оваа приказна на Дејан Јевтиќ од Ниш, Србија, навистина е поучна и се случува за жал на повеќето млади денес. Иако родителите секогаш пружаат колку можат, некогаш децата не знаат да ценат, но оваа приказна ќе ве замисли.
- Во паричникот носам исти 500 динари веќе 8 години, ми ги даде мајка ми и ми рече: Еве ова е последното што го имам. Јас и барав 1.500, но таа имаше само толку и ми го даде и последното. Јас како тинејџер збеснав, секогаш барав повеќе, трошев по кафиња, излегувања, друштво...Всушност и не бев толку мал имав 21. година. Студирав и само барав пари, иако ми го даваа и последниот динар јас бев незадоволен. Кога ми ги даде овие 500 динари тргнав да се карам, а таа ми ја отвори банкарската сметка и видов дека нема ни денар. Се свестив за миг. Се променив, најдов работа, заработувам, сакам да им помогнам и олеснам, вели во својата исповед Србинот.
Тој веќе има други приоритети освен излегувањето и кафињата и вели дека никогаш не ги допрел тие 500 динари кои му се поука во животот.
Ново на Сител
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата