Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот
Откако Апелација ја зголеми казната затвор за возачот кој ја прегази Викторија Николова кај „Сити мол“, за семејството на загинатата, таа е убиена по третпат.
Таткото Славе Николов вели дека тие бараат правда – но не наоѓаат, бараат утеха – но и таа не ја наоѓаат, ја бараат Викторија – и неа ја нема.
„Викторија во рок од 5 месеци убиена трипати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“ – посочува тој.
Според него, сега се дозволува одново лудување по улиците.
„Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!! Дојдете 1 ден, само 1 ден, во очи погледнете не, очи ќе ви преговорат дека ние не по наша желба го минеме овој пат, ние не по наша желба сакавме да ја искусиме горката правдина, ние не по наша желба ја изгубивме нашата Викче. Ни ја зедоа, ја нема, ја убија, а вие ја докусуривте!!“, додава таткото на Викторија.
Тој додава: „Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!!“.
„На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!! Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга “Ниедна мајка да не виде јас што доживев” уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!! Вики, ангел беше на земјата, ангел си и на небото, правдата овде е слепа, зла и болна, но правдата овде е корумпирана, таму горе се е совршено“ – додава таткото.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба