Таткото на Ирена со потесен говор на нејзиниот погреб: Го облековме нашиот ангел во бело, да ја мажиме денеска - свадба е!
Ирена Златковиќ е испратена на вечното почивалиште нешто по 13 часот денеска, а на погребот присустуваа голем број роднини и пријатели.
Никој не ја криеше својата тага поради ужасната загуба и трагичната смрт на младата девојка, но ретко кој можеше да ги задржи солзите по говорот на таткото на Ирена.
-Јас не сум говорник ни за многу повесели работи, но некоја сила ме натера да проговорам мал број зборови. Да ви кажам дека ова дете, Ирена, на Нада и мое дете, не е обично дете. Тоа е ангел што ретко се раѓа. Мојата Нада и јас го облековме нашиот ангел во бело, за нашиот ангел да го венчаме денеска. Сите присутни сте сватови на Ирена и нека Бог ви даде се најдобро. Нека никој од вас не доживее судбина каква што доживеа ангелот на Нада и мој. Нашиот ангел Ирена ќе почива овде покрај своето момче и не дај Боже било чие дете да прави ваква свадба како нашето дете, со солзи во очите го заврши говорот таткото на Ирена Момчило.
Потоа на сите присутни им се обрати вујкото кој исто така ги расплака со својот говор.
Таткото на Ирена потоа ги повика сите што дошле по погребот да дојдат на ручек, со најпотресените зборови:
-Дојдете, свадба е. Не е праведно од Бога што е таква, но свадба е! Мајката по спуштањето на ковчегот во гробот фрли црвен па бел букет и лелекна: Ирена, љубов моја!
Инаку, Ирена беше апсолвент на Медициснкиот факултет и во Црна Гора отишла да работи во хотел во текот на сезоната, за да им помогне на родителите кои се невработени и братот, дипломец на Правниот факултет, кој исто така не работел.
Вељко со кого биал во врска месец дена дошол во Будва да ја види. Пред кобниот судар бил на плажата Трстено со друштво, позајмил мотор од пријателите, со кој требал Ирена да ја однесе до Будва. Бидејќи не се јавувал на телефон ни по половина час, кога веќе требало да бидат стигнати, неговите пријатели пешки тргнале по нив и наишле на ужасната глетка, Вељко и Ирена загинати во сообраќајката.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети