Татко секојдневно си ја силувал малолетната ќерка, мајката ја принудувала на проституција
По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.
Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.
Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.
Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.
За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.
Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство