Балкан
29. December 2016 - 14:33

Татко ја продал 16-годишната ќерка за 3.000 евра на рати и половен автомобил, еве видео од свадбата

ромск

Србија оваа недела е потресена од веста дека татко ја продал малолетната ќерка (16) во Крушевац за 3.000 евра на рати и половен автомобил.

Сето ова се случило во ромската населба Читлук, а вака изгледа свадбата на која невестата има само 16 години.

- Вообичаено е девојките да се омажат млади, но поради љубов. Некои се мажат на 15, 18, 20 години, зависно која како ќе се заљуби. Ние пристапуваме и се договараме како пријатели, не ги даваме со сила и не ги продаваме, вели соговорникот пред камерата.

Според податоците во Србија, 85 проценти од ромските девојчиња се мажат пред 18 години, а дури 70 проценти своето прво дете го раѓаат пред полнолетството.

- Се омажив на 14 години и го добив првото дете на 15. Сега не би се омажила на тие години, но тоа е што е,  вели една од соговорничките која има 23 години.