Татко и ќерка Гинисови рекордери за најшироки јазици во светот
Гинисовата книга на рекорди е преполна со фасцинантни, но и бизарни, па дури и морбидни, достигнувања на поедници.
Меѓу нив е и признанието за Гинисов рекорд за најшироки јазици во светот, чии „лауреати“ се татко и ќерка.
Станува знор за Бајрон Шленкер и неговата ќерка Емили, кои имаат единствен ген, како последица на што имаат натпросечно широци јазици, со што си обезбедија место во најпознатата книга на рекорди.
Претставниците на Гинис официјално потврдија дека јазикот на Бајрон е широк дури 8,5 сантиметри, додека Емили може да се пофали со пречник од 7,3 сантиметри.
- Луѓето ме прашуваат што можам со толкав јазик. На пример, можам да лижам сладолед побрзо од вас, вели насмеано 32-годишниот Бајрон.
Тој додава дека од секогаш знаел оти има неверојатно широк јазик, но одлучил да се пријави за Гинис откако видел фотографија на еден Австралиец кој своевремено го држел тој рекорд.
Емили признава дека тоа што имаат најшироки јазици во светот, уште повеќе ја зближило со татко и.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна