Таравари за 60-тиот починат: Имаше 40% изгореници на телото и беше на дијализа поради откажување на бубрезите
Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има уште една жртва од трагедијата во Кочани. Починатиот, кој беше на лекување во Литванија, имал 40 отсто изгореници, а на 1 април му откажале бубрезите. Според првичните информации, се работи за Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“.
Овој пациент беше еден од четворицата пациенти кои беа во критична состојба.
- Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме дека другите критични да им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата, рече Таравари.
Извори од МНР за МИА информираат дека е започната процедурата за враќање на телото на пациентот.
Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.
Повеќе информации се најавени на прес-конференцијата во 13:30 часот во Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница